Живот
21. December 2015 - 18:28

Бездомник постави божиќна елка пред својот шатор а тоа што се случи подоцна ќе ви ги стопли срцата

 
Џон Фили е бездомник кој одлучил да направи нешто со што би го почуствувал божиќниот дух, и пред неговиот шатор поставил божиќна елка. Неговиот шатор се наоѓал пред еден мост низ кој поминуваат најмногу сообраќајни возила во Њу Орлеанс.
 
Минувачите кои го забележале тоа придонеле да се случи магија пред неговиот шатор, така што додавале разни украси, светилки и подароци. А истите подароци Џон ги поклонувал на други граѓани. На голема несреќа, божиќната елка му е одземна на Џон, и тоа не од страна на Владата туку од страна на комуналните работиници кои божиќната елка ја фрлиле во отпад.
 
Џон беспомошно ги бркал работниците за да си ја зачува божиќната елка, но за жал камионот ја здробил божиќната елка а таа станала само парче отпад фрлена во депонијата.
 
Градските власти објавиле соопштение дека елката ги кршела градските правила и дека е неправилно и недозволено поставена.
 
Веста брзо се проширила на друштвените мрежи. Сите се прашувале како може една божиќна елка која не е поголема од едно метро може да ги крши градските правила и да се смета на толку голем град?!
 
Звучи бесмислено и лудо! Луѓето сфатиле дека мораат нешто да сторат и повторно да му ја вратат божиќната атмосфера на Џон. Тоа што се случило следно е прекрасен крај за оваа божиќна бајка. Најдобриот дел од оваа приказна е тоа што ова не е бајка туку вистина која ќе му ја врати насмевката на Џон и на многу луѓе. Божиќ е период на подароци и добри дела.