Македонија
4. April 2020 - 12:55

Безбедносната состојба во Кичево стабилна, едно лице не го почитувало полицискиот час

Безбедносната состојба на подрачјето на седум општини што ги покрива СВР Охрид е стабилна. Изминатово деноноќие, во периодот од 21 часот на 3 април до 7:00 часот на 4 април, едно лице во Кичево не ја почитувало забраната за движење за време на спроведување на мерките за ограничено движење и заштита на граѓаните од ширење на коронавирус COVID-19, иформира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.

Тој дададе дека во истиот период, не се регистрирани собирања на граѓани, нарушувања на јавниот ред и мир, кражби и сообраќајни незгоди.

-Непречено се одвива контролата на лица кои се под мерките задолжителен државен карантин, здравствен надзор и домашна изолација и задолжителна 14-дневна самоизолација. Нема нови лица со решение за изолација. Полициските службеници извршија 86 контроли на угостителски објекти, посочи Димоски.