Македонија
3. January 2019 - 13:11

Без водоснабдување утре ќе останат корисниците од општина Центар

Поради промена на шибер вентил од Ф-3 цола на ул.„Кирил и Методиј“ 48 во населба Центар, утре од од 08:30 часот без водоснабдување ќе останат корисниците од блок 4, 5, и 6, Пасошко (МВР), Амбулантата на Железница и кулите 21, 23 и 25, општина Центар, информираат РЦУК по добиената информација од ЈП „Водовод и Канализација“.

Од таму информираат дека прекинот ќе трае се додека не се санира дефектот.