Македонија
31. May 2016 - 8:40

Без вода утре повеќе делови од Скопје

Без вода утре од 01:00 до 22:00 часот ќе бидат корисниците од Бардовци, Визбегово и индустриската зона покрај Качанички пат, Шуто Оризари, Бутел 1, Бутел 2, населба и село Радишани, Кучевичка бара, Чаир, Скопје-Север, Касарна Илинден, Топанско поле, високата зона на Кале, високата зона на Гази Баба, населба Железара, индустриските корисници во кругот на Рудници и железарница и високата зона во Автокоманда.

Како што информира ЈП Водовод и канализација – Скопје, прекинот е поради изведување приклучок за нова пумпна станица во Шуто Оризари.

Во овие зони ќе бидат мобилни и четири цистерни за вода. Две фиксни локации се Специјалната болница за гинекологија и акушерство Чаир и во кругот на Поликлиника Железара - Центар за дијализа. Останатите две цистерни ќе гравитираат зависно од потребите на граѓаните.

ЈП Водовод и канализација – Скопје ги известува корисниците од овие населби да обезбедат потребни резерви на вода.