Македонија
3. September 2015 - 15:51

Без вода утре неколку улици во Центар

Корисниците од улиците „Рајко Жинзифов“, „Стефан Јакимов Дедов“, „Борка Талески“ и „Иван Милутиновиќ“ во општина Центар утре од 10 часот ќе бидат без вода за пиење.

Како што информира РЦУК Скопје, прекинот на водоснабдувањето е поради изведување водоводен приклучок на Ф - 100 мм на ул. „Рајко Жинзифов“ бр. 38.

Прекинот на водоснабдувањето ќе биде до завршување на работите.