Македонија
29. July 2019 - 13:40

Без вода утре дел од корисниците од општина Центар

Без вода утре ќе останат корисниците од улиците „Дане Крапчев“, „Радњанска“ и „Славка Недиќ“, како и дел од корисниците од улица „Дебарца“ во општина Центар.

Како што соопшти РЦУК, прекинатото водоснабдување е поради давање водоводен приклучок од Ф – 80 милиметри на улица „Дане Крапчев“ бр.11, а без вода корисниците ќе останат во периодот од 11:00 часот па се до завршување на работата.