Македонија
27. May 2016 - 14:52

Без вода утре дел од Центар

Без вода утре од 8:00 часот па се до санирање на дефектот ќе бидат корисниците на дел од улица „50. дивизија“ во општина Центар.

Како што соопшти Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, прекинот е поради санирање уличен дефект од ф 100 милиметри на  улица „50. дивизија“ број 61Б, кај Институтот за јавно здравје.