-->
-->
Без вода Росоман и дел од Кавадарци, голем дефект на водоводната мрежа
-->
Поради голем дефект на главната водоводна линија од вчера попладне околу 17 часот без вода за пиење се жителите на Росоман и дел од Кавадарци.
- Се работи за дефект на главната водоводна линија фи 350. Без вода за пиење се Росоман и индустрискиот дел на Кавадарци, како и кавадаречките улици „14 Мај”, „Деветта бригада”, „Моша Пијаде” и „Едвард Кардељ”, информира Марјан Крстевски, техничар во оперативата на организациската единица за водовод и канализација, при Јавното претпријатие „Комуналец” од Кавадарци.
Крстевски нагласува дека екипи на комуналното претпријатие интензивно работат на терен за отстранување на дефектот, но не можеше со точност да каже кога се очекува да биде нормализирано водоснабдувањето.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Излезноста во Струга до 9 часот 2,4 отсто, во Вевчани 5,5 проценти
-
Во Неготино до девет часот гласале 5.83 проценти од гласачите
-
До 9 часот во Дебар еден отсто, во Центар Жупа 1,9 отсто излезеност
-
Во Велес и Велешкo до 9 часот излезеноста е 4,97 проценти
-
Излезноста до 9 часот изнесува 3,85 отсто
-
Медиуми: УЕФА ќе дозволи 26 фудбалери на ЕУРО2024
-
Тајланд сака да биде домаќин на трка во Формула 1
-
Маж во САД ги убил сопругата и трите деца по што се самоубил