Македонија
22. July 2016 - 13:30

Без струја во понеделник делови од Сопиште и Кисела Вода

Поради технички зафати во електро-мрежата во понеделник (25.07.2016 година), без електрична енергија ќе останат дел од корисниците од општините Кисела Вода и Сопиште.

Како што информираат од РЦУК Скопје од 9:00 до 12:00 часот без струја ќе бидат дел од корисниците од ул. „Малешевска“ и од ул. „Филип Кљаиќ“ во општина Кисела Вода.

Во понеделник од 9:00 до 9:30 часот без струја ќе бидат и дел од селата Патишка Река, ХПП Хидро, Држилово, Елово, Црн Врв, Осинчани, Малчиште, село Јаболци, Јасен ловиште,  Нова Брезница,  Сателитски центар, Рудопроект во општина Сопиште.

Без струја во понеделник од 9:00 до 16:00 часот ќе бидат и дел од с. Патишка Река, ХПП Хидро,  с. Држилово, с. Елово, с. Црн Врв, с. Осинчани, и  с. Малчиште, а од 15:30 до 16:00 часот дел од селата Патишка Река, ХПП Хидро, Држилово, Елово, Црн Врв, Осинчани, Малчиште, село Јаболци, Јасен ловиште,  Нова Брезница,  Сателитски центар, Рудопроект во општина Сопиште.