Македонија
9. August 2021 - 9:28

Без струја утре корисници на булевар „Борис Трајковски“

 Без електрична енергија утре ќе останат корисниците на булевар „Борис Трајковски“, кај делот околу дрвара на клучка кон населба Усје, општина Кисела Вода.

Како што информираат од ЕВН Македонија прекинот на снабдувањето со струја ќе трае во период од 08:30 до 12 часот.