Македонија
8. October 2015 - 11:53

Без струја утре делови од повеќе скопски општини

Без електрична енергија поради изведување технички зафати на електросистемот утре без струја ќе бидат делови од Центар, Чаир, Ѓорче Петров, Кисела Вода и Карпош.

Во периодот од 8 до 10 часот без струја ќе бидат корисниците од ул. 164 во општина Центар, од 08:30 до 14:30 часот, корисниците од дел од Стара Чаршија во општина Чаир, од 09:00 до 11:00 часот корисниците од дел од  ул. „Иван Милутиновиќ“ и Стефан Јакимов Дедов во општина Центар, од 09:30 до 14:00 часот корисниците од  ул. 70 во населба Волково,  општина Ѓорче Петров, од 10:00 до 12:00 часот корисниците од  ул. „Мишко Михајловски“ во општина  Кисела Вода, од 10:00 до 14:30 часот корисниците од дел од  ул. „Франц Прешерн“ во општина Карпош и од 12:00 до 15:00 часот без струја ќе останат корисниците од  ул. „Тасино Чешмиче“ и ул. „Христо  Чернопеев“ во општина  Центар.