Македонија
11. December 2016 - 11:50

Без струја утре дел од општините Ѓорче Петров, Центар, Аеродром, Карпош и Кисела Вода

Без струја утре од 9 до 12 часот без стуја ќе бидат дел од корисниците од булеварот „Видое Смилевски Бато“ 41, булеварот „АСНОМ“ 42,34 и 38, а од 9 до 14 часот ќе бидат дел од корисниците од село Волково под улицата „95“ и улицата „101“ во општина Ѓорче Петров.

Како што соопшти Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје без електрична енергија од 8:30 до 11:30 часот ќе бидат дел од корисниците на улицата „Мито Хаџивасилев Јасмин“ и ООУ „Гоце Делчев“,  улицата „Градски ѕид“ бр. 34, а од 12 до 15 часот дел од корисниците  од улицата „Радњанска“ и дел од улицата „Антоније Грубиши“ во општина Центар.

Без струја од 9 до 14 часот утре ќе бидат и дел од  корисниците на улицата „Скупи“ под улици „3а“ и улицата  „5а“ во општина Карпош, а од 9 до 13 часот ќе бидат дел од корисниците од улица „Сава Ковачевиќ“ од број 41 до 59 во општина Кисела Вода.

Прекинот со електрична енергија е поради технички зафати во електро-мрежата.