Македонија
31. August 2016 - 12:26

Без струја утре дел од Ѓорче Петров

Корисниците од улицата 51 во Стопански Двор и од улицата кон ресторан Панорама, општина Ѓорче Петров, утре нема да имаат струја од  9:00 до 15:30 часот, соопшти РЦУК.

Од 9:30 до 15:00 часот без електрична енергија ќе бидат и корисниците од улиците Лука Геров, Пелинце, Тиранска, Антон Чехов и Пеклане, како и дел од корисниците од улицата Лазо Димовски Ошенски во општина Ѓорче Петров.