Македонија
24. јуни 2016 - 14:19

Без струја утре дел од Ѓорче Петров

Без струја утре во периодот од 9 до 11 часот ќе бидат дел од граѓаните кои живеат на улицата „Шарпланинска“ и дел од корисниците кај Лепенец во Ѓорче Петров.

Регионалниот центар за управување со кризи денеска информираше дека во понеделник без електрична енергија ќе останат делови од Кисела Вода, Карпош и Чучер Сандево.

Во периодот од 8:30 до 10:30 часот струја ќе нема улицата Серска во Кисела Вода, а од 9 до 12 часот корисниците од улицата Стогово од бр.21 до бр.27, како и корисниците од ул. Козле од бр.28 до бр.37 во општина Карпош. Од 9 до 14 часот без струја ќе бидат објектот на терминалот Блаце, како и корисниците од селата Горно и Долно Блаце во општина Чучер Сандево.