Македонија
21. September 2017 - 9:56

Без струја утре дел од Гази Баба

Без струја утре од 8:30 до 11:30 часот ќе останат корисниците од дел од улицата „Благоја Стефковски“, МТМ Телевизијата и фирмата ДАСТО.

Како што соопштија од Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје прекинот со електрична енергија е заради закажани технички зафати.