Македонија
28. January 2016 - 11:25

Без струја повеќе делови од Скопје

Без напојување со електрична енергија утре ќе останат делови од Шуто Оризари, Студеничани, Гази Баба, Ѓорче Петров, Кисела Вода, Центар и Сопиште. 

Во периодот од 8:00 до 16:30 часот без електрична енергија ќе останат корисниците од ул.Македонско Косовска Бригада ул.10, 32, 34 и 36 во  општина Шуто Оризари, од 08:00 до 14:30 корисниците на дел од село Љубош општина Студеничани, од 12:30 до 14:00 часот корисниците од ул.Перо Наков, бензинската станица ДЕТ-ОИЛ во општина Гази Баба, од 11:00-13:00 часот корисниците од ул. Исаија Маџовски  општина Ѓорче Петров, од 9:00 до 12:00 часот корисниците од ул. Христо Татарчев 47-3 во општина Кисела Вода, од 9:00 до 14:30 часот  корисниците од реонот Гази Баба, од 09:00-13:00 часот без електрична енергија ќе останат корисниците од ул.Васил Ѓоргов бр.20 а /19  во општина Центар,  од 08:30-12:00 часот корисниците од ул. Демир Трајко во општина Ѓорче Петров и од 9:00 до 13:00 часот корисниците од село Сопиште, делот од Припор до општина Сопиште, делот пред и по планираниот кружен тек за Сончев Град, делот кај училиштето и делот кон фабриката  во општина Сопиште.