Македонија
4. October 2017 - 10:32

Без струја делови од Центар, Гази Баба и Петровец

Поради технички зафати, делови од општините Центар, Гази Баба и Петровец денеска ќе останат без струја.

Како што соопшти РЦУК, струја од 08:30 до 15:30 часот нема да имаат корисниците од селата Градманци и Катланово, Катлановската Бања и населените места Кочкова Населба и Месна Река во Општина Петровец, од 08:30 до 11:30 часот корисниците од фирмите Унија Пак, Јоки и Импрес во Општина Гази Баба, додека од 11:00 до 12:00 часот корисниците од хотелот „Стоун Бриџ“, ресторанот „Пирин“, плоштадот „Карпошово востание“, Факултетот за музичка уметност, Средното музичко училиште и сите стопански и нестопански објекти на плоштадот „Карпошово востание“ во Центар.