Македонија
10. April 2018 - 20:30

Без струја дел од Сарај, Ѓорче, Центар, Карпош и Шуто Оризари

Поради изведување технички зафати во дистрибутивната електро мрежа утре без електрична енергија ќе останат делови од општина Сарај, Ѓорче Петров, Центар, Карпош и Шуто Оризари.

Од 08:30 до 10:00 часот, без напојување со електрична енергија ќе останат корисниците од  селата Кондово, Кучково, Бојане, Копаница,  Рашче Грачани,  Рудникот Радуша, викенд населбата Веле Поле и Караулата Чашка во Општина Сарај и Ѓорче Петров.

Од 08:30 до 14:00 часот ќе бидат корисниците од дел од  ул. „Козара“ од бр.15 до бр. 38 во  Општина Центар, од 09:00 до 12:00 часот корисниците од ул. „Орце Николов“ бр. 155 и Центарот за странски јазици во  Општина Карпош и од 09:00 до 15:00 часот корисниците од ул. „Пелагонија“ во  општина Шуто Оризари.