Македонија
27. January 2016 - 12:16

Без струја дел од Аеродром, Чучер Сандево, Гази Баба и Карпош

Без напојување со електрична енергија утре ќе останат дел од Аеродром, Чучер Сандево, Гази Баба и Карпош.

Во периодот од 8 до 15.30 часот, без електрична енергија ќе останат дел од корисниците од ул. 23 Октомври во општина Аеродром,  од 9.00 до 15.00 часот, корисниците од село Мирковци во општина Чучер Сандево,  од 09.00 до 14.30 часот, корисниците од реон Гази Баба и од 9.00 до 15.00 часот, објектот на градинката Пролет во близина на ОУ Владо Тасевски, дел од ул. Јуриј Гагарин – подулица 4, како и дел од корисниците од ул. Миле Поп Јорданов – кула бр.14 и околните објекти во нејзина близина во општина Карпош.