Без инциденти заврши првата Парада на гордоста во Сараево
Во Сараево денеска, без никакви инциденти, заврши првата Парада на гордоста, на која присуствуваа над илјада луѓе.
Членот на Организацискиот комитет на првата Парада на гордоста во БиХ Бранко Ќулибрк изјави дека не постои институционална поддршка за правата на ЛГБТИ- лицата.
– Сè уште немаме закон за истополовно партнерство. На транс-луѓето не им е одобрен пристап до здравствена заштита. Овоа парада треба да послужи како пример за заштита на правата на ЛГБТИ лицата од страна на институциите и се надеваме дека тие нема да останат на ова денеска, рече Кулибрк во обраќањето пред учесниците на поворката. Според него, правото на слобода на изразување е едно од човековите права кое на ЛГБТИ-лицата им е ускратено.
Членката на Организациониот комитет Лејла Хуремовиќ, истакна дека денешната Парада на гордоста „нема да го промени светот и дека има многумина кои дури и денес нема да можат да им кажат на своите најблиски кои се тие навистина“, додавајќи дека таквата парада им дава и на луѓето сила дека можни се промени.
– Гордост. Драги луѓе, многу благодарам што сте тука со нас денеска, повеќе од кога било досега, ние, лезбијките, геј, бисексуалците, транс, интерсексуалци не сме веќе невидливи, рече Хуремовиќ.
На првата Парада на гордоста во БиХ присуствуваа повеќе од илјада луѓе, вклучително и американскиот, британскиот и германскиот амбасадор.
Собирот го обезбедуваа повеќе од илјада полицајци, кои целосно го блокираа центарот на градот, односно трасата по која се движеше поворката.
Ново на Сител
-
Минималната синдикална кошница за април 60.212 денари, зголемена за 1.214 денари во однос на март
-
Цената на лебот засега е стабилна и нема да се менува, велат од Агро-бизнис комората при ССК
-
МВР, ЈО и АНБ комплетно подготвени за претстојните претседателски избори
-
Инаугурацијата на Путин ќе се одржи на 7 мај
-
Шојгу: Русија ќе ги интензивира нападите врз складишта со западно оружје во Украина
-
Просечната плата во февруари изнесува 39.276 денари
-
ДИК: Гласањето во затворите тече без проблеми
-
Водителот Марко Новески стана татко на близначиња