Живот
6. March 2016 - 9:19

Бевме во заблуда: Не е само кучето најдобар пријател на човекот!

Сите оние кои до сега не сакале мачки, после оваа приказна дефинитивно ќе го променат мислењето.
 
Лиел Асајаг, е сопственичка на двегодишната мачка која се вика Панда. Од првиот ден Панда е премногу приврзана со сопствениците.
 
- Кога забременив, таа почна да ме следи во чекор низ куќата, ја ставаше главата на мојот стомак и се галеше, - изјавила Лиел за порталот „Leow Meow“.
Кога се породила во почетокот Панда била малку збунета, но набрзо се навикнала на новиот член на семејството.
 
- Штом ќе го намирисаше нејзиниот брат, веднаш легнуваше до него. Го сакаше и чуваше додека беше во стомакот, а истото го прави и откако излезе, - вели гордата сопственичка на Панда.