Живот
31. July 2016 - 10:06

Бестрашен авантурист: Скокна од височина од околу 7 км без падобран!

Американецот Лук Ејкинс скокна од авион од висина од 7.600 метри без падобран и стана прв падобранец кој безбедно падна во мрежа раширена на тлото.

Ејкинс кој работел и како каскадер по филмови, се подготвувал за тој потфат 18 месеци.

Во текот на слободниот пад достигнал брзина од 193 км/час, а скокот бил изведен синоќа во долината Сима во Калифорнија. Телевизијата Фокс го пренесуваше 2-минутниот скок во живо.

Откако безбедно падна во мрежата, Ејткинс рече: - Ова е неверојатно, јас речиси лебдам. Не можам ни да кажам се што сакав да кажам. Ова што се случи е извонредно.

Досега извршил 18.000 скокови со падобран, а во 30 наврати морал да употреби резервен падобран.ж