Бесплатно летување за ученици од социјално загрозени семејства во Карпош
Советот на општина Карпош на денешната седница донесе одлука за одобрување финансиски средства за летување на ученици од семејства во потешка материјална состојба кои се жители на општината.
Советот донел одлука и за определување на стипендии за талентирани ученици, од основните општински училишта во Карпош за учебната 2017/2018 година.
Советниците одлучиле 45 жители на Карпош 3 и Карпош 4, и оваа година да добијат бесплатно паркирање во Трговскиот центар „Скопје Сити Мол.“ Бесплатен паркинг, појаснуваат од општината, добиваат граѓаните кои живеат во непосредна близина на прометниот трговски центар.
Тие ги усвоиле заклучоците за усвојувањето на Годишниот извештај за работата на десетте основни училишта кои се наоѓаат на територијата на локалната самоуправа за учебната 2016/2017 година, Годишната програма за работата на општинските основни училишта за учебната 2017/2018 година, како и предлогот за разрешување и именување на членови во Училишниот одбор во училиштата ООУ „ Аврам Писевски“, „Братсво“, „Верациривири Трена“, „Владо Тасевски“, „Војдан Чернодриснки“, „Јан Амос Коменски“, „Петар Поп Арсов“, и „Христијан Тодоровски- Карпош“. сст/13:30
Ново на Сител
-
Одбележани 30 години соработка со УНХЦР
-
Диви свињи ги уништуваат нивите на брегот на Охридското езеро
-
Штипските студенти од УГД ќе можат да студираат во Европската Алијанса на Универзитети
-
Преглед на вестите од светот
-
Институциите пред тест по проширувањето на црната листа
-
Тема на денот со Столе Наумов
-
Пулмологија полна – Загадениот воздух причина за повеќе пациенти со компликации
-
Донација од Прилепска пиварница