Македонија
14. March 2016 - 16:41

Бесплатни курсеви по англиски јазик и компјутери за младите до 29 години

Невработените млади лица до 29 години да ја искористат можноста и да се пријават на бесплатните обуки за странски јазици и компјутерски вештини. Огласот е во тек , а со мерката ќе бидат опфатени околу 2000 лица потенцираше владиниот портпарол Ѓорѓиев. Државата го распиша огласот поради се поголемиот број на работодавачи кои задолжително ги бараат овие вештини при вработувањето на нови кадри.

Oбуката за странски јазици опфаќа почетно средно или напредно ниво, за англиски, француски или германски јазик, додека обуката за компјутери е за вештините од Microsoft Office.

Државата за оваа намена има издвоено над 200 000 евра.