Македонија
30. August 2017 - 11:25

Бесплатен одмор за семејства со ниски приходи

До 15 септември семејствата со вкупни приходи до 22 илјади денари ќе можат да аплицираат за бесплатен субвенциониран петдневен престој во некое од македонските одморалишта, одлучи Владата на синоќешната седница.

Како што беше речено на денешниот брифинг со новинарите во Владата, станува збор за една од владините мерки за поддршка на домашниот туризам за семејства со ниски приходи, за која се веќе обезбедени финансиски средства со ребалансот на буџетот за 2017 година. 

Детали за оваа мерка денеска на прес-конференција ќе изнесе министерот за економија Крешник Бектеши.