Бешлиовска: Да се запре одливот на медицински сестри
Македонија се соочува со недостиг од медицински сестри. Во Европа нормите предвидуваат над 600 сестри на 100 илјади граѓани, а во Македонија има 350. Затоа одливот на сестри треба да се спречи преку подобрување на условите за работа и зголемување на платите, порачаа медицинските сестри од денешната Свечена академија што се одржа во Скопје по повод Меѓународната недела на сестринството.
- Нашиот апел од денешната свечена академија е да се запре одливот на медицински сестри. Бројките во Македонија не соодвествуваат со европските стандарди бидејќи има 350 сестри на 100 илјади жители, а во Европа нормите се над 600 медицински сестри на 100 илјади жители. Затоа велиме дека Македонија се соочува со недостиг од сестри, рече Гордана Бешлиовска, координатор на Унијата на здруженија на медицински сестри.
Запирање на одливот, според неа, е можно така што ќе бидат подобрени условите за работата на медицинските сестри, но и зголемени коефициентите за личните доходи.
Вели дека ова треба да се најде и во стратегијата за здравството, со цел да се надмине дефицитот на кадри во здравствените институции.
Исто така, додаде таа, медицинските сестри треба да излезат од анонимноста и непрепознатливоста и да бидат препознаени преку специјализациите што ги имаат во здравствените институции.
Унијата на ЗМСТАЛ предводена од Здружението на медицински сестри, техничари, акушерки и стоматолошки сестри „За нас“ организира настан - свечена академија по повод Интернационалната недела на сестринството.
На свечената академија ќе бидат доделени 30 плакети на медицински сестри, техничари, акушерки и стоматолошки сестри за успешност, хуманост и особен продонес во својата професија за изминатата година
Ново на Сител
-
Претседателски избори 2024: Утре први гласаат членовите на ИО кои ќе ги спроведат изборите во дијаспората
-
Нови 46 случаи на голема кашлица од 12 до 18 април, хоспитализирани девет лица
-
ЕУ повикува сите актери на Блискиот Исток да работат на деескалација на тензиите
-
Во високообразовните установи работат 4 656 наставници и соработници
-
Светски ден на црниот дроб: Чувајте го, неговата улога е витална
-
Кривична пријава против двајца скопјани за кражба на сеф од маркет
-
Флекс Кредит доби награда за најдобрa ,,Employer branding – кампања за 2023 година’’
-
Флекс Кредит доби награда за најдобарa ,,Employer branding – кампања за 2023 година’’.