Берни Сандерс го критикува Трамп за односот кон Меркел и Германија
Американскиот сенатор Берни Сандерс упати критики кон претседателот Доналд Трамп заради неговите избрзани забелешки за Германија, пренесе ДПА.
-Да се навреди Германија, дамнешен сојузник на САД, е нешто што многу од нас не тера да се чувствуваме неудобно, изјави Сандерс во интервју за германската агенција пред денешната промоција на неговата книга „Нашата револуција: Иднина, во која веруваме"(Our Revolution: A Future to Believe in) во Берлин.
„Кога има разлики тие треба тивко да се надминуваат“, изјави Сандерс.
-За мене не е прифатливо претседателот јавно да ја напаѓа канцеларката Ангела Меркел, подвлече тој.
Сандерс изрази и стравување дека Трамп се обидува земјата да ја управува на „поавторитарен начин“.
-Тоа што го имаме е претседател кој напаѓа медиуми, водечки медиуми, на досега невиден начин, подвлече сенаторот.
„Доколку немате слободни медиуми, му се заканувате на самото постоење на демократијата“, додаде тој.
Сандерс, уште посочи, дека Трамп очигледно се чувствува удобно во присуството на авторитарни лидери.
Ново на Сител
-
МОН: Деновите од изборите ќе се одработуваат во две саботи, СОНК бара повлекување на одлуката
-
Втор ден кампања за парламентарните избори
-
Последни 4 дена од кампањата за претседателските избори
-
Дуалното образование се попривлечно за средношколците
-
Струмичкиот театар одбележува 75 години постоење
-
Преглед на вестите од светот
-
Петмесечно бебе е вториот случај на голема кашлица во прилепско
-
Преглед на вестите од светот