Живот
3. August 2018 - 20:45

Бербер му „го отсече увото“ на момче - погледнете ја неговата реакција

Мислам дека се е во ред, само ќе треба малку да го стиснеме увото, му рече еден бербер од Флорида на момче, откако „му го отсекол увото”, по што следела панична реакција.

Станува збор за скриена камера, каде што берберот со помош на гумена пумпа му пушти лажна крв по лицето на момчето и му вели дека му го отсекол увото. Веднаш потоа, берберот почнал да пцуе.

Детето почнува да вика по мајка си. – Пст, немој да и кажеш! Мислам дека се е во ред, само малку ќе го стиснеме увото, му вели берберот.

Најстрашно од се е кога лажното уво падна на подот.