Бензините поскапуваат за еден, а дизелот за половина денар
Регулаторната Комисија за енергетика објави дека во согласност со методологијата што ја користи за пресметка на цените на горивата, од вечерва на полноќ малопродажните цени се зголемуваат во просек за 1,64 проценти.
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за 1,00 денар/литар, додека малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемуваат за 0,50 денар/литар, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката од 4 јануари 2021 година.
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,888 ден/кг и ќе изнесува 29,651 ден/кг.
– Денешната одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати е резултат на зголемените берзански цени од изминатата недела. Растот на сите референтни цени на светските берзи следува по изјавата на министерот за енергетика на Саудиска Арабија, принцот Абдулаиз бин Салман, кој соопшти дека Саудиска Арабија ќе ги надмине договорените квоти на кратење, со цел да ја задржи сопствената економија и пазарот со нафта, по што од вторникот цената на нафтата Брент на берзите порасна за пет отсто и истата има вредност над 53 УСД $/t.“ изјави Марко Бислимоски, претседател на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги.
Во изминатиот седумдневен период сите референтни цени на светските берзи бележат зголемување – бензинот за 5,431 отсто, дизелот за 2,43 отсто, екстра лесното масло 2,872 отсто и мазутот 5,156 отсто.
Ново на Сител
-
Граѓаните гласаат за седми претседател на државата
-
Изборните денови 24 април и 8 мај неработни за сите граѓани
-
Јавниот превоз во Скопје со неделен возен ред, жичницата на Водно нема да работи
-
Американскиот Сенат одобри 95 милијарди долари помош за Украина, Израел и Тајван
-
Лични документи можат да се подигнат и денеска
-
Променливо облачно со сончеви периоди, на крајот на денот дожд
-
Пожар зафати куќа во неготинско Долни Дисан
-
Врховен задутре ќе одржи јавна седница по жалбата на таткото на Вања против мерката притвор