Бизнис
28. May 2018 - 16:45

Бензините и дизелот поскапуваат за два денара од ноќеска на полноќ

Нов ценовен шок од полноќ. Сите горива поскапуваат за два денари по литар. Дизелот ќе се продава за 65, безоловните за 73,5 и 75,5 денари за литар.

Растот на ценикте на горивата не запира цела година. Лани на 29 мај, според одлуката на  Регулаторната комисија безнините биле за 9,5, денари поевтини, а литар дизел чинел дури 14,5 денари помалку.                                

Големиот раст на цената на дизелот се должи на мерката на Министертсвто за финансии да ја зголеми акцизата за 3,5 денари по литар. Мерката стапи на сила на Нова Година, а тогаш дизелот беше за 6,5 денари поевтин од сега.

Растот на цените на горивата сепак не се должи на само акцизата туку на цените на светските берзи каде црното злато минатата недела стигна до речиси 80 долари за барел.

Но, опизицијата смета дека Владата може да помогне во ваква ситуација на раст на цените и да го ублажи ударот со тоа што ќе ја намали акцизата.

Владејачкото мнозинство во два нартаи одби да ја намали акцизата со образложение дека таа не предизвикувазголемување на другите цени, а ќе има бенефит на државниот буџет во кој ќе се слеат дополнителни 30 милиони евра.

Во една недела ова е втор ценовен шок. Претходно за 5 до 10 денари поскапеа цигарите.

Велат во секое зло има нешто добро. Ако е така, тогаш притиснати од високите цени, пушачите ќе ги остават цигарите, а велосипедите ќе станат главно превозно средство. Тоа ќе значи поздрави луѓе и почист воздух.