Македонија
28. јуни 2016 - 9:00

Бензините и дизелот од полноќ поевтини

Бензините и дизелот од полноќ поевтинија за половина денар по литар.
 
Според последната одлука на Регулаторната Комисија за енергетија донесена вчера, малопродажните цени на ЕУРОСУПЕР БС-95, на ЕУРОСУПЕР БС-98, на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1)се намалија за 0,50 ден/лит и со тоа цената на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 63,00 ден/лит, на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 64,50 ден/лит, на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 49,50 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 38,00 ден/лит.