Белорусија и Русија формираат заеднички Центар за обука за воздушна и противвоздушна одбрана
Белорусија најави создавање на белоруско-руски центар за обука на военото воздухопловство и противвоздушната одбрана во согласност со договорите постигнати од министрите за одбрана на двете земји.
– На територијата на Република Белорусија се планира формирање центар за борбена обука за заедничка обука на Военото воздухопловство и противвоздушната одбрана. Во Центарот ќе биде организирана заедничка обука на екипажите на авионите Су-30СМ, белоруски војници ќе бидат обучени да управуваат со современите противвоздушни ракетни системи, како и заеднички да спроведуваат обуки и борбени мисии“, се наведува во соопштението на белоруското Министерство за одбрана.
Минск оценува дека Центарот значително ќе го зголеми нивото на обука на единиците на ВВС и на ПВО на Белорусија и на воздушните сили на Руската Федерација, ќе ја зајакне практичната компонента за развој на унифициран регионален систем за противвоздушна одбрана.
Центарот ќе биде во реонот на Гродно. Предвидени се уште заеднички центра, кои ќе бидат лоцирани во Нижни Новгород и во Калининград во Русија.
.
Ново на Сител
-
Холивудската легенда Џин Хекман и неговата сопруга пронајдени мртви, се води истрага
-
При изведување градежни работи, пронајдени 145 артилериски гранати во Битола
-
Распродадени сите билети за завршниот турнир во Евролигата
-
Краделе нафта од паркирано возило, уапсени крадци во Кавадарци
-
МНР: Девет амбасадори известени за завршување на мандатот
-
Приведен криминалец во тетовско за издржување тригодишна затворска казна
-
Бугарија неповратно загуби 653 милиони евра од ЕУ фондовите поради неспроведени реформи
-
Трансродовите американски војници ќе бидат одвоени од војската освен во исклучителни ситуации