Свет
15. January 2019 - 12:49

Белград под опсада: 7.000 српски специјалци ќе го чуваат Путин, мигови и снајперисти на покривите, а шахтите затворени

Претседателот на Русија, Владимир Путин кој во Србија треба да пристигне на 17 јануари, ќе го чуваат огромен број на полициски служебеници, се зборува дека се ангажирани дури 7.000 полицајци.

250 руски специјалци и лично обезбедување на рускиот претседател се шпекулира дека се веќе во Србија кои се задолжени да ја испитаат храната, климата и патот по кој Путин ќе се движи, а во обезбедувањето ќе биде вклучена и Војската на Србија.

Улиците по кои ќе се движи Путин ќе бидат затворени, до неговото пристигнување ќе бидат прекинати сите летови, на зградите ќе бидат поставени руски и српски снајперисти, а на граѓаните што живеат покрај трасата на движење на претседателската колона ќе им се нареди да ги затворат прозорите и да ги повлечат завесите.