Балкан
25. July 2016 - 10:43

Белград: Намален приливот на мигранти од Македонија и Бугарија

Моментно во Србија има нешто повеќе од 3.000 мигранти, кои во земјата пристигнале преку Македонија и Бугарија, но нивниот дневен прилив се намалува, изјави денеска српскиот министер за социјална политика, Александар Вулин. 

- Бројот се намалува не затоа што бегалската криза се ближи кон својот крај, туку затоа што ние воведовме мерки. Членови на српската војска и полиција патролираат по границата и ја чуваат српската територија од нелегални имигранти, изјави министерот.

Како што јави Танјуг, Вулин напомна и дека секој што ќе влезе во Србија, има право да побара азил, по што ќе биде примен во прифатен центар и за него ќе отпочне предвидената процедура. А, оние кои нема да побараат азил, ќе бидат вратени назад, нагласи министерот.