Белгија упати порака до Албанците да не бараат азил во таа земја, бидејќи ќе бидат одбиени
Белгискиот државен секретар за азил и миграција Тео Франкен ги повика Албанците кои патуваат во неговата земја да престанат да поднесуваат барања за азил, бидејќи тие ќе бидат отфрлени. Повикот го упати при вчерашната посета на Тирана, јавија денеска локалните локалните медиуми.
- Добредојдени сте да студирате, да работите, да ги посетувате вашите семејства, да ги видите Брисел и Бриж, но не барајте азил. Белгија не е златен рудник, од чешмите не тече мед и млеко, потенцираше Франкен. Тој предупреди дека сите кои незаконски ќе влезат во Белгија веднаш ќе бидат протерани.
Државниот секретар потсети дека Албанија е „безбедна земја" чии граѓани не одговараат на критериумите за добивање меѓународна заштита.
Според последните податоци на Евростат, само пет отсто од апликациите на Албанци за азил во ЕУ биле одобрени минатата година.
Ново на Сител
-
Земјотрес во Грција со јачина од 5,7 степени
-
Петровска: Судот донесе одлука дека Ковачки неправедно ме клеветел
-
Куќен притвор од 48 часа за две лица поради убиството на лекарот во Железара
-
Во БиХ уапсени три лица кои барале пари за информација за исчезнатото девојче во Србија
-
Продолжуваат предизборните коалицирања
-
Марш на трансродовите лица
-
Во Собранието седница на Комисијата за одбрана и безбедност
-
Најмалку 38 лица загинаа во израелските напади врз сирискиот град Алепо