Белгија потврди истрага за шпионажа на институциите на ЕУ
Белгиските разузнавачки служби покренаа истрага, по извештаите дека Кина ја користи канцеларијата на Малта, лоцирана покрај седиштето на Европската комисија, за прислушување на институциите во Брисел.
Портпаролот на белгиската државна служба за безбедност изјави дека е покрената истрага откако францускиот весник „Ле Монд“ соопшти дека се сомнева во шпионажа.
Истрагата беше покрената откако британските агенти известија дека Кинезите ја користат малтешката амбасада како „шпионска кула“ за прислушување на институциите на ЕУ.
Британските разузнавачки служби наведуваат дека кинеските тајни служби се вклучени во реновирањето на амбасадата на Малта, а мебелот и одредена опрема за зградата биле донесени од Кина во белгискиот главен град според договорот за соработка од речиси 300.000 евра.
Малтешката амбасада во Белгија ги негираше обвинувањата, велејќи дека мебелот го донира кинеската Влада и дека зградата е опремена во согласност со највисоките безбедносни стандарди.
Портпаролот на кинеската амбасада во Белгија изјави дека обвинувањата за шпионажа се лажни.
Ново на Сител
-
За еден месец изгорени над 400 хектари шума во Националниот парк Шар Планина
-
Во март зголемени потрошувачките, станбените, автомобилските и кредитите на тековните сметки
-
Приведен 20-годишник кој бил баран со потерница поради бегство од Затворот Гевгелија
-
Боки 13 бара повторено судење за „Рекет“ - има докази со кои ќе покаже каде завршиле парите од чантата Луј Витон
-
Советот НАТО-Украина ќе одржи вонреден состанок за противвоздушната одбрана на Киев
-
Спречен нов атентат врз Зеленски, уапсен Полјак кој соработувал со Русите
-
Бојмацалиев: Една година ФРОНТЕКС - прв договор потпишан на македонски јазик со ЕУ
-
Избрани 12 поротници за судењето против Трамп