Белгија: Помалку од 10 отсто од здравствените работници развиле антитела на Ковид-19
Студија на белгискиот Институт за јавно здравје утврди дека само 8,4 отсто од здравствените работници развиле антитела на Ковид-19, резултатите се разочарувачки.
Студијата, направена во соработка со Институтот за тропска медицина на Белгија, анализирана крвни слики на 785 лица од здравствениот сектор, од кои 20 отсто биле доктори.
Анализирани се работници од сите болнички единици, вклучително и единиците посветени на Ковид-19. Половина од тестираните се над 39-годишна возраст.
Деведесет отсто од лицата кои имаат антитела во крвта рекле дека почувствувале барем еден симптом на коронавирусот од почетокот на епидемијата.
За медицинската фела овие резултати се разочарувачки, со оглед на тоа дека здравствените работници имаат два пати поголем ризик од општото население да се заразат со коронавирусот.
-Присуството на антитела е послаб од тоа што очекувавме со оглед на тоа дека здравствениот персонал е изложен на инфекцијата. Присуството на антитела не обезбедува заштита при идна изложеност на САРС-КОВ-2, изјавија од институтот за јавно здравје.
Белгискиот институт напоменува дека се потребни дополнителни научни истражувања и дека ќе биде извршена нова студија во текот на септември врз здравствените работници повторно за да се добијат повеќе детали за антителата и развојот на инфекцијата.
Претходна студија на институтот во соработка со Црвениот крст на Белгија спроведен врз општото население покажа дека помалку од пет отсто од луѓето развиле антитела.
Ново на Сител
-
Мисајловски: Ќе ги скратиме непродуктивните трошоци, за пензионерите ќе има 5.000 денари покачување на пензиите
-
Во Украина 50.150 лица се водат како исчезнати
-
ОН: На Хаити е катаклизмична ситуацијата
-
Бела куќа: САД испратија писмено предупредување на Русија за нападот во Москва, бесмислица е тврдењето за вмешаност на Украина
-
МЗШВ: Со измените во Законот за стокови резерви, оризовата арпа се вбројува во листата на стратешки култури за државата
-
ВМРО-ДПМНЕ ги потврди листите за пратеници
-
Зеленски: Русија планира голема офанзива во наредните месеци
-
18-годишен тетовец украл автомобил, па направил сообраќајка