Белгија: 1049 нови случаи на коронавирус, прв случај на инфицирано домашно милениче
Белгиските здравствени власти регистрирале 1049 нови заразени од коронавирусот во земјата, а регистриран е и првиот случај на зараза на домашна мачка.
Станува збор за домашна мачка која била заразена од човек, утврдила универзитетската лабораторија во Лиеж, Белгија.
-Ваквиот тип на зараза од човек кон животно бара близок контакт, и станува збор за изолиран случај, но властите предлагаат да се усвојат мерките на претпазливост за заразени лица кои имаат домашни миленичиња, а за сега немаме причина да мислиме дека миленичињата се вектор на болеста, изјави портпаролот на центарот за криза, Емануел Андре.
Белгија во последните 24 часа регистрирала 1049 нови случаи на заразени од коронавирусот, со што вкупниот број заразени сега изнесува 7284 во целата земја, од кои најголемиот број од нив се наоѓаат на северот на земјата.
Во последните 24 часа се хоспитализирани 490 нови пациенти, а 183 се пуштени од болница. Вкупниот број хоспитализирани е 3042.
Починале нови 69 пациенти од вчера, а 85 пациенти се префрлени на интензивна нега во последните 24 часа, информираа властите. Вкупниот број починати е 289 лица.
Ново на Сител
-
УЈП: Се продолжува рокот за поднесување на ДДВ-04 пријавите до 26 април 2024 година
-
Инспекторатот ќе контролира дали рабодавачите ја почитуваат владината одлука за неработен ден
-
До четврток облачно со дожд, од петок стабилизирање на времето
-
Граѓаните со истечени лични документи од 24 јули 2023 година ќе може да гласаат на утрешните претседателски избори
-
Тешко повреден пешак во сообраќајка на „Партизанска“ во Скопје
-
Во Хрватска падна снег | ВИДЕО
-
Пожар на грчкиот остров Крит во близина на поморската база Суда, превентивно евакуирани населба, болница и училиште
-
Првите шест авиони „Рафал“ во Хрватска пристигнуваат оваа недела