Свет
24. August 2017 - 9:15

Белата куќа: Трамп е сериозен во заканата да ја жртвува Владата поради изградба на ѕидот

Американскиот претседател Доналд Трамп е сериозен во заканата да ја жртвува федералната Влада поради изградбата на ѕидот на границата со Мексико, изјави портпаролката на Белата куќа, Сара Хекаби Сандерс.

Таа истакна дека Трамп не криел оти изградбата на ѕидот ќе биде приоритет и тој очекува да соработува со Конгресот за исполнување на таа цел.

- Ако треба ќе ја жртвувам нашата Влада, но ќе го изградам ѕидот, нагласи Трамп за време на митингот во Феникс, во државата Аризона.

Претставничкиот дом веќе го одобри предлог-законот за буџет, кој предвидува финансирање на изградбата на заштитниот ѕид долж границата со Мексико, со цел да се спречи нелегалната миграција. Сепак не е сигурно дека текстот на законот ќе помине во Сенатот, каде демократите и умерените се мнозинство.