Свет
9. February 2017 - 8:26

Белата куќа објави список со 24 осомничени и обвинети луѓе за тероризам

Белата куќа објави список со 24 осомничени и обвинети луѓе за тероризам кои дошле во САД од држави за кои се однесува Указот на претседателот Доналд Трамп за ограничување на имиграцијата, објави Фокс њуз.

Според медиумот, во списокот се луѓе од изминатите осум години.

Во него се бегалци и имигранти кои пристигнале од Сомалија, Судан, Ирак, Иран, Сирија, Либија и Јемен и се приведени поради обвиненија за тероризам.

Повеќето од нив се осудени, наведе Фокс њуз.

Претходно, Белата куќа објави список со 78 терористички напади за кои според нив, недоволно известиле американски медиуми.