Свет
13. February 2016 - 10:11

Бела куќа: Спогодбата за Сирија значајна, но има уште многу работа

Постигнатиот договор за прекинот на огнот во сирискиот конфликт е значаен, но има уште многу работа во сириските мировни преговори, соопшти Белата куќа.

- Во следните денови очекуваме акција, а не зборови, кои треба да покажат на дело дека сите страни се подготвени да ги исполнат своите обврски, изјави портпаролот на Белата куќа Ерик Шулц.

Светските сили вчера се договорија за прекин на непријателствата во Сирија, кој треба да стапи во сила за една недела, како и доставување итна хуманитарна помош за сириските градови кои се под опасда.  Сепак не успеаја да достигнат договор за целосен прекин на огнот ниту ставање крај на руските воздушни напади.