Свет
17. September 2015 - 21:54

Бела куќа: САД се подготвени за „тактички дискусии“ со Русија во врска со Сирија

САД се подготвени на „тактички дискусии“ со Русија во врска со Сирија, изјави портпаролот на Белата куќа, Џош Ернест.

Тој нагласи дека не постои воено решение за сириската криза, додавајќи дека администрацијата на американскиот претседател Барак Обама ја поздравува соработката од руска страна за смирување на ситуацијата во регионот.

- САД остануваат отворени за тактички, практични дискусии со Русија за борбата против џихадистичката група Исламска држава (ИД), истакна Ернест.