Бела куќа: САД ќе испитаат што соопштила Северна Кореја
САД се запознати со извештаите на јужнокрејски медиуми дека Северна Кореја откажала планирани разговори на високо ниво со јужниот сосед, соопшти Белата куќа.
- САД ќе испитаат независно од тоа што Северна Кореја соопштила и ќе продолжат со координации со нашите сојузници, изјави Сара Сандерс, портпаролка на Белата куќа.
Северна Кореја синоќа соопшти дека морала да откаже разговори со Јужна Кореја на највисоко ниво поради тоа што се одржани воени вежби на Јужна Кореја и САД и упатија закана дека ќе го откажат самитот со САД.
Стејт департментот соопшти дека нема никакви информации за тоа дали Пјонгјанг сака да го откаже планираниот самит на САД и Северна Кореја на кој би требало да се состанат лидерите на двете држави Доналд трамп и Ким Џонг-ун.
Пентагон тврди дека воената вежба е рутинска и со одбранбен карактер
Ново на Сител
-
Кривична пријава за жител на Росоман за посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи
-
Таравари демантира дека вчера имал тајна средба со Ахмети, на која добил понуда од него
-
Во германските продавници пронајдени се над сто килограми кокаин во пратките со банани
-
Тошковски во посета на ЕВР Центар и Бит Пазар
-
Грчката Влада ја остава отворена можноста да ѝ помогне на Франција со противвоздушни системи за време на Олимписките игри
-
Норвешка донираше 76 неборбени моторни возила на Македонија
-
Моментно нема индикатори за нов ценовен бран, оценува бизнисот
-
Би-Би-Си на српски: Оствари ли опозицијата недостижна предност пред вториот круг гласање