Бела куќа: Кибер-нападите ги чинеа САД меѓу 57 милијарди и 109 милијарди долари
Кибер-нападите предизвикаа загуба на САД во износ меѓу 57 и 109 милијарди долари во 2016 година, се наведува во соопштение од Белата куќа.
Во Извештајот на претседателските економски советници се вели дека големите кибернапади предизвикуваат голема загриженост за инфраструктурата, како што се мрежите за електрична енергија, комуникациските системи или браните.
Постои и загриженост и во врска со кибер-нападите што доведуваат до истекување на податоци, кражба на интелектуална сопственост, доверливи стратешки информации или финансиски информации.
Во документот се наведува дека ако една компанија поседува голем дел од инфраструктурата, сајбер-напаѓачот може да предизвика голема турбуленција во целата економија. Се изразува загриженост и од ризикот од кибер напади во енергетската и финансиската област - сектори, кои се зависни и поврзани со други сектори и со интернет, а во случај на катастрофален кибер напад против нив, може да има големо влијание врз целата економија.
Русија, Кина, Иран и Северна Кореја се наведени како виновници за кибер-напади. Ризикот од кибер-напади доаѓа и од хактивисти, организирани групи, криминални групи и конкурентски компании.
Извештајот бара компаниите да споделуваат информации за неодамнешните сајбер-напади меѓу себе.
Извештајот беше објавен откако Белата куќа и се закани на Русија со „меѓународни последици" за извршување на сајбер нападите НотПетја (NotPetya).. Овој кибер напад изведен во во јуни 2017 година, според Вашингтон, е дело на руски војници и нанесе штета од милијарди долари во Европа, Азија и Америка.
Ново на Сител
-
Во БиХ уапсени три лица кои барале пари за информација за исчезнатото девојче во Србија
-
Продолжуваат предизборните коалицирања
-
Марш на трансродовите лица
-
Во Собранието седница на Комисијата за одбрана и безбедност
-
Најмалку 38 лица загинаа во израелските напади врз сирискиот град Алепо
-
Над 20 луѓе повредени во сообраќајна несреќа во Германија
-
Мериленд доби помош од 60 милиони долари по уривањето на мостот во Балтимор
-
Сончево и топло со мала локална облачност