Бектеши: Храна има доволно, трговците да ги почитуваат одлуките за цените
Министерот за економија Крешник Бектеши им порачува на граѓаните дека има доволно храна во земјава за неколку месеци, а на трговците да ги почитуваат одлуките на Владата за цените на производите. Најавува скоро замрзнување на цените на јужното овошје, за што е донесена предлог-одлука.
-Ги убедувам сите граѓани дека имаме доволно храна не само во моментот, туку и за наредните месеци што следуваат. Ние не можеме да предвидиме колку ќе трае вирусот, колку ќе траат забраните, но секако сме обезбедени со снабдување на прехранбени производи во нашата држава, рече Бектеши во одговор на новинарско прашање на денешната прес-конференција во Владата.
Тој потсети дека Министерството за економија првично презеде мерки кои се однесуваат на замрзнување на цените на одредени производи, посебно на основните прехранбени производи и соодветно на своите надлежности забрани и извоз на брашно и пченица за други држави. Ги повика компаниите да не ја користат можноста за правење профит, бидејќи, како што кажа, сега не е време за тоа.
-Би сакал да ги повикам сите компании посебно големите и малите трговци, но истовремено и производителите на прехранбени производи да ги почитуваат одлуките од Владата за цените, бидејќи одлуките се конкретни, концизни и прецизни. Државниот пазарен инспекторат (ДПИ) работи – ги прави соодветните контроли, но апелирам граѓаните да пријавуваат неправилностина бесплатниот телефонски број 191, рече Бектеши и додаде дека ДПИ веднаш по пријавувањето ќе интервенира согласно капацитетите што ги има.
Посочи дека ДПИ дополнително ќе ги провери трговците откако ќе заврши вонредната состојба и ќе има соодветни казни за непочитување на одлуките на Владата согласно законите во нашата држава.
-Веќе е донесена предлог-одлука за замрзнување на цената на јужното овошје, а ДПИ прави соодветни контроли посебно за големите трговци кои ги увезуваат споменатите производи, потенцира Бектеши.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација