Бегалец од затвор при преглед на неговото возило приложил фалсификувани бугарски документи за идентификација
На 20.02.2025 во 12.00 часот кај место викано „Миратовачки пат“ во с.Лојане, општина Липково, полициски службеници од Регионалниот центар за гранични работи Север и од Мобилната единица компезаторни мерки при Бирото за јавна безбедност го лишиле од слобода Џ.С.(32 ) од Гевглија, кој бил баран поради бегство од казнено – поправната установа Затвор Гевгелија, каде што издржувал затворска казна.
При преглед во возилото „фолксваген голф“ со српски национални ознаки, во кое се превезувал, тој на увид на полициски службеници им дал бугарски документи за идентификација, за кои подоцна било констатирано дека се фалсификувани. Исто така, по дополнителни проверки, било утврдено дека тој бил во бегство од затворот во Гевгелија.
Лицето било спроведено во установата за доиздржување на казната.
Ново на Сител
-
Тутунарите незадоволни од понудените цени за новата реколта, бараат 510, добија само 420 денари
-
Стармер кај Трамп на разговори за војната во Украина
-
Приведен поранешниот директор на затворот Шутка, Филип Андов-Сокол
-
Пратенички прашања во Собранието
-
400 милиони денари за Општина Штип од вториот повик за пари од унгарскиот кредит
-
Започнаа карневалските денови во Струмица
-
Недостигаат археолози и кустоси
-
Преглед на вестите од светот