Македонија
25. August 2015 - 9:07

Бегалците и барателите на азил во фокусот на посетата на германската пратеничка Бек

Во посета на Македонија денеска и утре ќе биде пратеничката  германскиот Бундестаг Марилуизе Бек, член на Сојуз 90/Зелени.

Пратеничката ќе се информира за проблематиката со бегалците, како и за македонските баратели на азил во Германија, соопшти амбасадата на Германија во Македонија.

Планирани се разговори со претставници на Владата и на локалната самоуправа, на УНХЦР, Црвениот крст и невладини организации.

Германската пратеничка Бек ќе го посети и Прифатниот центар во Визбегово, како и дел од јужната граница кај Гевгелија.