Бегалците го намалија бројот на поддржувачи на „Грекзит“ во Германија
Драматичната состојба со бегалците го смени ставот на германското јавно мислење за можноста Грција да ја напушти еврозоната, поради неспроведените реформи и мерки за штедење, јави дописникот на МИА од Берлин.
Стравот дека излезот од заедничката европска монетарна унија може да го намали капацитот на Грција да се справува со бегалската криза доведе до намалување на бројот на Германци кои инсистираат на „Грекзит“.
Според истражувањето на агенцијата „Југов-Де“, за разлика од 56 отсто кои минатиот август сметале дека Грција не треба да остане членка на еврозоната, сега само 33 проценти или една третина од испитаниците го поддржуваат ова сценарио.
Нешто помалку од половината или 49 проценти се за останување на Грција во еврозоната, а останатите немаат став за ова прашање.
Пред една година за време на кулминацијата на грчката финансиска криза дури 61 отсто од испитаниците сметаа дека Грција ќе мора да се откаже од еврото и да се врати на својата национална валута драхмата.
Сега, 12 месеци, подоцна и покрај тоа што грчката Влада спроведе многу мал дел од реформите што беа предуслов за да добие финансиска помош, поради стравот од бегалците кои во најголем дел минуваат преку Грција на пат за Германија, малкумина зборуваат за можноста од „Грекзит“.
Ново на Сител
-
Советниците на средба со превозниците во Град Скопје
-
Тема на денот со Ненад Марковиќ
-
Советниците на средба со превозниците во Град Скопје
-
Уставни измени
-
Преглед на вестите од светот
-
Редовна седница за пратенички прашања
-
Шилегов со ,,Во бестрага'', ВМРО-ДПМНЕ со критики: СДСМ доби ново раководство
-
Сиљановска во официјална посета на Црна Гора