Бизнис
5. October 2016 - 19:53

БЕГ: Раниот старт на грејната сезона нема да ги зголеми сметките за парно

Утринава скопјани се разбудија со топли радијатори.  Поради драстичен пад на температурите , Бег наместо на 15 октомври кога почнува грејната сезона, парното го вклучи десет дена порано.  Но тоа нема да ги зголеми авансните сметки на  домаќинствата.

Во наредните денови  БЕГ ќе ги следи извештаите на УХМР. Ако температурите останат ниски ќе продолжи испораката на топлинска енергија, ако се зголемат ќе биде исклучено. Според правилникот за топлинска енергија, ако температурите се еднакви или под 12 степени БЕГ има обврска  да го вклучи греењето порано.

Индивидуални пријави за дефекти досега нема.  Освен што во 200 објекти нема испорачано топлинска енергија поради проблеми во внатрешната инсталација , отежнат пристап на екипите на команијата и поради немање електрична енергија во топлинските подстаници.

Од БЕГ апелираат до потрошувачите и куќните совети навреме да ги завршат сите интервенции, да се обезбеди пристап до топлинските подстаници и да се провери нивното напојување со електирчна енергија.

Сите дефекти можат да се пријавуваат  и проверат на интернет страницата на БЕГ.

Поради падот на цената за 11 отсто во август годинава , кај домаќинствата се зголеми интересот да се вратат на парното. Во моментов 60.000 се приклучени на мрежата.

Според новите правила на регулаторот, порамнување на сметките ќе се прави само еднаш, во летните месеци. Исклучените останува да плаќаат месечен надоместок. И годинава радијаторите ќе бидат топли до 22 часот.