Македонија
10. March 2020 - 11:46

Беџети: Монструм беше и се уште е предизвик за судството

Актуелниот градоначалник на Сарај, Блерим Беџети, како тогашен министер за правда сведочи на судењето за Монструм. Негираше дека ја забавувал постапката за екстрадиција на двајцата обвинети кои биле на Косово и тврди дека се почитувале законските рокови.
 
Рече дека барањето за одложување на судењето, разговор кој го правел со тогашниот министер за внатрешни, било заради различните согледувања за случајот и притисокот на јавноста. Како коалиционен партнер барале и повторување на постапката.
 
- Не се сеќавам точно на разговорот, сакам да бидам до крај коректен. Точно е дека немавме исти политички согледувања со тогашната министерка, рече Беџети.
 
Тој рече дека имал и една средба со роднини на обвинетите на која било побарано судењето да биде коректно и судот да ги утврдува фактите.
 
На денешното рочиште, пред судот ќе сведочи и Муса Џафери.
 
Зоран Јаневски